2017, ГОДИШТЕ XV

Почитувани,

Пред вас е вмреженото издание на двата нови броја на Филолошки студии, кои, во 2017 година, ги подготви Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во соработка со партнерите Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија), Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија), Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет (Русија). Во двата броја објавени се вкупно четириесет и три прилози, кои им се достапни на сите корисници и сведочат за продолжување на традицијата на регионалното и на меѓународното поврзување на полето на хуманистичките науки.

Се задржавме на рубриките дефинирани од претходните години: Филозофско-културолошки проблеми, Историја и филологија, „Зборот” во историско-културолошки контекст, Книжевноста во итеркултурен контекст, Современото општество во културата, во јазикот и во литературата, Лингвистика и глотодидактика и Прикази и информации.

Им благодариме на авторите од: Русија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Хрватска, на нивните прилози, кои ги расветлуваат современите и традиционалните културни, книжевни и јазични појави од различни методолошки приоди.

Списанието е архивирано во Central and Eastern European Online Library (C.E.E.O.L), во Хрватскиот портал за научни списанија (Hrčak), во Рускиот индекс за цитирање (РИНЦ). Списанието е вклучено во меѓународните бази: MLA International Language Association, Ulrich's Periodicals Directory, EBSCOhost, Gale i ProQuest.