За Нас

Филолошки студии“ настана како резултат на меѓународната соработка помеѓу Филолошкиот факултет при Пермскиот државен Универзитет (Русија), Факултетот за уметности при Универзитетот во Љубљана (Словенија), Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб (Хрватска) и Институтот за литература и уметност во Белград (Србија).

Филолошки студии“ е списание со отворен пристап, што значи дека неговата содржина е во целост достапна за корисникот или за неговата институција без надомест. На корисниците им е дозволено: читање, преземање, копирање, распределување, печатење, пребарување или упатување (со линкови) на целосните текстови на статиите, како и нивно законско користење, без побарување на претходна согласност од издавачот или од авторот Ова е во согласност со дефиницијата за отворен пристап на BOAI (Будимпештанска иницијатива за отворен пристап).

Списанието прифаќа за објавување единствено авторски трудови, кои не се претходно објавени на друг јазик, ниту се во постапка на објавување во други списанија.

Авторите се носители на авторските права и го задржуваат правото на објавување.

Списанието не наплатува за објавување на статиите.

Филолошки студии“ се вклучени, индексирани и архивирани во следните бази: