ГЛАВНАЯ СТРАНИЦА arrow ТЕКУЩАЯ ВЕРСИЯ
Русский
2018, ВЫПУСК XVI Версия для печати Отправить на e-mail

Почитувани,

За правилно функционирање и развивање на научноистражувачката дејност од пресудно значење е односот и комуникацијата меѓу различните научни средини што веќе шеснаесет години успешно се одвива преку Меѓународното електронско славистичко списание „Филолошки студии“.

Двата броја на списанието оваа година ги подготви „Институтот за македонска литература“ од Скопје – Македонија, со помош и со поддршка од досегашните партнери: Филолошкиот факултет при Пермскиот државен националноистражувачки универзитет (Русија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Заграб (Хрватска) и Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија). Во списанието се презентирани триесет и пет научни прилози од автори од: Македонија, Русија, Србија, Хрватска, Словенија и Молдавија, во кои се обработуваат значајни теми од различни научни сфери како што се: уметноста, филологијата, филозофијата и историјата.

Списанието е архивирано во Central and Eastern European Online Library (C.E.E.O.L), во Хрватскиот портал за научни списанија (Hrčak), во Рускиот индекс за цитирање (РИНЦ).

Списанието е вклучено во меѓународните бази: MLA International Language Association, Ulrich's Periodicals Directory, EBSCOhost, Gale i ProQuest.