НАСЛОВНА
Македонски
2016, ГОДИШТЕ XIV Испечати Е-пошта

Почитувани

Пред вас се двата нови броја на списанието „Филолошки судии”, кои, во 2016 година, ги подготви Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана во соработка со партнерите: Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (Македонија), Филозофскиот факултет од Универзитетот од Загреб (Хрватска), Институтот за книжевност и уметност од Белград (Србија) и Филолошкиот факултет на Пермскиот државен универзитет (Русија). Се објавени 39 статии, достапни на Интернет за сите корисници, кои сведочат за продолжување на традицијата на регионалната и на меѓународната интеграција во областа на истражувањето во општествените и во хуманистиките науки. Ги задржавме рубриките, дефинирани во претходните години: Филозофско-културолошки проблеми, Историја и филологија, Зборот во историско-културолошки контекст, Книжевноста во интеркултурен контекст, Современото општество во културата, јазикот и литературата, Лингвистика и глотодидактика и Рецензии.

Им благодарам на авторите од: Русија, Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија, Украина, за прилозите, во кои се обработуваат современи и традиционални културни, книжевни и лингвистички феномени со различни методолошки приоди.

Списанието е архивирано во (C.E.E.O.L), во хрватскиот портал за научни списанија (Хрчак), во Рускиот индекс за цитирање (РИНЦ). Списанието е вклучено и во меѓународните бази на податоци: MLA International Language Association, Ulrich’s Periodicals Directory, EBSCOhost, Gale и ProQuest.