НАСЛОВНА arrow ПРИЈАВИ СТАТИЈА
Македонски
Упатство за пријавување на статија Испечати Е-пошта

Еден број од списанието Филолошки студии ќе биде биде посветен на темата

Словенските култури во трансфер

Тематскиот број Словенските култури во трансфер настана како поттик на дијалогот во истражувањето на меѓу националното и полифонично минато, но и на сегашната состојба на словенските јазици, книжевности и воопшто, на словенските култури. Јазичните и културолошките концепти, книжевните теми и мотиви честопати патувале од една во друга култура, па во таа смисла секој споредбен (лингвистички, книжевен, културолошки) прилог е добредојден за што попрецизно истражување на трансферот на една култура во друга и на преобразбите што се својствени за овој процес.

Меѓу другото, основа за многу взаемни проникнувања меѓу словенските култури бил и преводот – јазични пренесувања преку културни трансфери до книжевни адаптации. Имајќи го предвид интеркултурниот и интердисциплинарниот карактер на словенските проникнувања и меѓусебни трансфери на различните нивоа на културната размена, целта на овој тематски број е да се истражи што се случувало со усвоените, односно, со преведените туѓи концепти кои се адаптирале и асимилирале во словенските јазици и книжевности воспоставувајќи дијалог меѓу различните словенски јазици, книжевности и култури во контекстот на 20-тиот и 21-иот век. Затоа овој тематски број претставува своевиден предизвик чија намера е да го поттикне процесот на размислување и примената на разновидните сознанија и резултати, допуштајќи притоа интеграција на разните видови знаења, односно соживот меѓу навидум противречните насоки на дисциплинираното размислување, методологијата и видовите.

Статиите во списанието се распоредени во следните тематски рубрики:

  1. Филозофски и културолошки проблеми

  2. Историја и филологија

  3. „Зборот” во историско-културолошки контекст (споредбен аспект)

  4. Литературата во интеркултурен контекст

  5. Современото општество во културата, јазикот и литературата

  6. Проучување на говорот. Лингводидактика

  7. Рецензии и информации

Статијата може да содржи од 10 до 16 страници во А5 формат (најмногу до 40 000 карактери) пишувани во програмата Microsoft Word за Windows, големина на буквите 10, фонт Times New Roman, Маргини 2 см (горна, долна, лева, десна), проред 1.

СОСТАВУВАЊЕ НА СПИСОК НА КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Во списокот треба да се вклучат единствено оние извори што се цитираат или парафразираат во трудот, подредени според азбучен редослед. Кај анонимните автори се зема предвид насловот на публикацијата. Сите извори го следат истиот редослед на податоци во зависност од видот – книги, списанија, електронски извори. Податоците се обликуваат според следниот редослед:

  • Презиме и иницијали на авторот проследени со запирка.
  • Година на објавување проследена со точка.
  • Наслов на публикацијата во курзив проследен со точка
  • Место каде е објавена публикацијата.
  • Латинична транслитерација на името на авторот и на насловот на публикацијата доколку овие податоци не се наведени со латинично писмо.

На крајот од текстот се наведува список на цитирана литература, подреден по азбучен редослед во Times New Roman со големина на букви 9 според стилот Chicago-Style.

Транслитерацијата треба да се направи според Library of Congress transliteration of any language достапни на следнава адреса: https://www.loc.gov/catdir/cpso/roman.html

  • Книга:

    • Еден автор:
      Презиме. Име. Година на објавување. Наслов на книга. Градот на издавачот: Назив на издавачот.
      пример: Elam, Keir. 2001. The Semiotics of Theatre and Drama. London and New York: Routledge.

    • Двајца или тројца автори/авторки:
      пример: Glover, David. Kaplan, Cora. 2000. Genders. London and New York: Routledge.

    • Повеќе автори:
      пример: Barić, Eugenija. et al. 1997. Hrvatska gramatika. Zagreb: Školska knjiga.

  • Статија во книга:
    Презиме. Име. Година на објавување. Наслов на статијата. Во Наслов на книгата. Уредник/ци. Град на издавач: Назив на издавач. Страници.
    пример: Petrović, Tanja. 2012. Nostalgia for the JNA? Remembering the Army in the Former Yugoslavia. In Post-Communist Nostalgia. Maria Todorova and Zsuzsa Gille, ed. New York, Oxford: Bergham Books. 61-81.

  • Статија во списание:
    Презиме, Име. Година на издавање. Наслов на статија. Во: Наслов на списание. Број на том. Број на страници.
    пример: Bessier, Jean. 2007. Some notes on comparative literature. In Literary Context No 5. Institute for Macedonian Literature: Skopje. 29-39

  • Статија во весник:
    Презиме, Име. Наслов на статијата. Име на весникот. Дата на изданието..

  • Веб-страница:
    Презиме, Име. Наслов на сајт. Година. Наслов на статија. Веб адреса (датум на пристапување).
    Hutcheon, Linda. 1998. Irony, Nostalgia and the Postmodern. http://www.library.utoronto.ca/utel/criticism/hutchinp.html (accessed January 3, 2008).


Изворите во текстот треба да бидат во заграда (Презиме на авторот, година на издавање: број на страница). Пример: (Bachelard, 1997: p. 56).

Фуснотите треба да бидат најдолу на страницата, може да содржат дополнителни информации и треба да бидат во Times New Roman 8.

Наслов на статијата, апстракт и клучни зборови треба да се додадат на почетокот на статијата на англиски и на јазикот на статијата.

При пријавувањето на статија, Ве молиме приложете Образец за пријава на статија со информации за авторот.

Статијата се праќа во електронска форма на една од следниве адреси:

  • Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

  • Јасмина Мојсиева-Гушева, Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

  • Светлана Королјова, Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

  • Младен Ухлик, Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

  • Ивица Баковиќ, Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

  • Марија Шаровиќ, Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете


Се прифаќаат статии на руски, македонски, словенечки, хрватски, српски и англиски јазик.

Крајниот рок за испраќање на статиите е 1ви април 2019 година.