НАСЛОВНА arrow АРХИВА arrow Издание 2012
Македонски
ИЗДАНИЕ 2012 Испечати Е-пошта
Почитувани,
Пред нас е меѓународното интердисциплинарно славистичко списание Филолошки студии,  2012, (www.philologicalstudies.org), кое, оваа  година, го одбележува својот јубилеј – десет години постоење и развивање на дијалогот меѓу народите, културите и традициите на: Македонија, Русија, Хрватска, Словенија и пошироко (преку активната улога на членовите во редакцискиот состав од славистички центри на: Германија, Австрија, Украина и Босна и Херцеговина)  проширувајќи го полето на интерес и кон другите културни средини. Списанието се занимава со презентација на актуелните, но и на трајните културни вредности од повеќе дисциплини (литература, лингвистика, историја, филозофија, антропологија, социологија, театрологија и др.). Неговиот отворен и интеркултурен пристап дава извонредна можност за: претставување,  осознавање, зближување, почитување и градење на културите на земјите-учеснички низ светот. 
Се работи за издание, кое содржи триесетина прилози од реномирани автори од посочените земји преку кои се  даваат релевантни одговори на вечните прашања што ги поставува човечкиот неспокој и се разрешуваат низа дилеми и проблеми од светот на културата.
Честа да го срочи ова јубилејно издание ѝ припадна на Македонија, за што сме искрено благодарни и се надеваме дека списанието и натаму, уште позасилено,  ќе продолжи да ја остварува својата благородна цел, да биде мост меѓу културите и народите. 
   
Од Редакцијата