НАСЛОВНА arrow АРХИВА arrow Издание 2010
Македонски
Издание 2010 Испечати Е-пошта
 
Почитувани,

Овогодишното, осмо по ред, издание на меѓународното интердисциплинарно славистичко списание Филолошки студии, го продолжува дијалогот меѓу народите, културите, вековите и дисциплините, донесувајќи релевантни одговори на вечните прашања што ги поставува човечкиот неспокој.
Честа да срочи четириесетина прилозина едно место повторно ја има Институтот за македонска литература со сестрана помош и поддршка од досегашните партнери: Филолошкиот факултет при Пермскиот државенуниверзитет (Русија), Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија) и Филозофскиот факултет од Универзитетот во Заграб (Хрватска). Својата отвореност кон научниот свет списанието ја манифестира и со проширување на редакцискиот состав со нови членови од научните средини на Германија, на Австрија, на Украинаи на Босна и Херцеговина, што треба да придонесе во збогатувањето на презентираната содржина. 
Како посебна специфика на ова издание се изделува евидентната насоченост на авторите кон филозофските и кон културолошките проблеми, речиси идентична со свртеноста кон историските и кон современите проблеми. Ваквата структуираност на списанието остава впечаток на интегралност и претставува одраз на напорите за отворање на општи теми, како и на традиционалната свртеност кон себеси и кон сопствениот идентитет погледнат и кон струиран низ призмата на другите.
Списанието и натаму продолжува да ја остварува својата благородна цел, да биде мост меѓу културите и народите ширејќи ја својата екуменска аура. 

Од редакцијата